Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај ова лето би можел да се врати во англиската Премиер лига.
Според информациите на британски „Мирор“ екипата на Ливерпул е спремна да го доведе Депај во своите редови и за таа цел на Лион би можеле да му исплатат сума од 50 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако тој трансфер се реализира тоа ќе биде враќање на 25 годишниот офанзивец на Островот. Од јули 2015 до јануари 2017 година Депај беше дел од Манчестер Јунајтед.
Во Јунајтед Депај немаше успех и беше прогласен за едно од најлошите засилувања и поради тоа го напушти клубот.
Во француската Лига 1 Депај се препороди и игра навистина во одлична форма и одново го привлече вниманието на европските гиганти кои се спремни да му дадат нова шанса на Депај на најголемата сцена.
Освен Ливерпул кој како што споменавме е спремен да понуди дури 50 милиони фунти интерес за Депај покажа и мадритски Реал, но за Шпанците Депај наводно е резервна опција и план „Б“, нивна прва мета е Сенегалецот, Садио Мане.
Во сезоната која полека изминува Депај има учинок од осум голови и 14 асистенции на вкупно одиграни 40 натпревари.
Депај во својата кариера освен за Манчестер Јунајтед и Лион настапуваше само уште за холандскиот ПСВ, а дресот на репрезентацијата на Холандија го носеше на 46 натпревари и постигна 16 погодоци.
https://youtu.be/N9ylaAmPYZc