Дома Топ вести Ракитиќ полуде поради играчот од Гранада: „Кучкин сине, следната сезона ќе играш во втора лига“ (видео)

Ракитиќ полуде поради играчот од Гранада: „Кучкин сине, следната сезона ќе играш во втора лига“ (видео)

Репрезентативецот на Хрватска, Иван Ракитиќ, се конфронтираше со Бразилецот Андреас Переира, во 77-та минута од дуелот на Барселона со Гранада. Судијата му даде жолт картон на играчот од Барса, а овој полуде поради тоа.

ТВ камерите го забележаа реткиот момент кога Ракитиќ загуби нерви и брутално го навредуваше противникот од дресот на Гранада, во натпреварот од шпанската Примера во неделата, пренесува Марка.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Барселона ја доби Гранада со 4:1 на гостински терен, а хрватскиот играч за врска фрлаше со „дрва и камења“ по младиот играч за врска од противничкиот тим, при конфликтот во 77-ма минута. Судијата Латр му даде жолт картон на Ракитиќ, а овој одлепи поради тоа.

Вината за тоа Ракитиќ ја пронајде во Переира, па бесно му дофрли: „Следната сезона ќе играш во втора лига, кучкин сине!“

Иако изговорена во моменти на бес и со злобна заднина, сепак, изјавата на Ракитиќ не е далеку од вистината, бидејќи Гранада моментално е претпоследна со осум бода помалку од позицијата која обезбедува опстанок во Примера. Переира, додуша, сигурно ќе биде во друг тим, на друго место, бидејќи е на позајмица од Манчестер Јунајтед, а истиот случај ќе биде и со поголем дел од неговите соиграчи, бидејќи речиси половина тим од Гранада е позајмен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Колку пари заработи Челси со пласманот во финале на Светското клупско првенство?

Челси стигна до финалето на Светското Првенство за клубови, додека се ближат до освојување…