Дома Фудбал Зидан: Азар е фантастичен!

Зидан: Азар е фантастичен!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан јавно го пофали Еден Азар, а познато е дека ѕвездата на Челзи силно се поврзува со трансфер во неговиот клуб.

Азар во неколку наврати истакна дека би сакал да соработува со неговиот идол Зидан и дека негов сон е да го облече дресот на Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите во Англија и Шпанија се погласно шпекулираат дека Белгиецот на лето ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

„Не можам да го кажам личното мислење за Азар, бидејќи сезоната се уште не е завршена. Ги гледам многу неговите настапи и секогаш го оценувам позитивно. Го следам уште во времето кога играше за Лил во Франција. Тој е навистина фантастичен играч и многу напредуваше последните години“, изјави Зидан.

28-годишниот Азар има договор со Челзи до јуни 2020 година, но голема е веројатноста ова лето да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…