Дома Актуелно Барселона продолжи договор со 16 годишен фудбалер и му стави клазула од 100 милиони евра

Барселона продолжи договор со 16 годишен фудбалер и му стави клазула од 100 милиони евра

Барселона вчера објави дека и официјално е продолжен договорот со најталентираниот фудбалер во Ла Масија, Морибa Коурома.

Станува збор за 16 годишен фудбалер кој игра на позицијата централен играч за врска, а во овој момент е член на тимот на Барселона до 19 години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дека го продолжил договорот со тимот до 2022 година баш и не е некој вест со оглед дека има само 16 години, но секако интересен е фактот што каталонскиот гигант во новиот договор на овој фудбалер вгради откупна клазула во износ од огромни 100 милиони евра.

Ова е само доказ колку во Барселона го ценат овој играч и колкави се нивните очекувања од Мориба кој е познат како Лаикс. Една од причните што го осигураа со ваква клазула е интересот кој го покажаа Манчестер Сити, Јувентус и Челзи.

Морибa е роден во Гвинеја 2003 година, но има и шпански пасош, па многу е веројатно во иднина да го гледаме во дресот на „Црвената Фурија“, секако ако ги исполни очекувањата кои ги има фудбалската јавност.

Taлентираниот 16 годишник следната сезона ќе настапува за Б тимот на Барселона. Игра на позицијата среден играч за врска, а неговиот стил на игра го споредуваат со Пол Погба.

Со неговите 16 години тој е стандарден првотимец во тимот на Барселона до 19 години. Оваа сезона одигра пет натпревари во Лигата на шампионите и постигна еден гол и запиша асистенција.

https://www.youtube.com/watch?v=kp1HPcJ0kQI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Шкендија потврди: Утрешното дерби во Тетово ќе се игра и со гостински навивачи

За разлика од последните натпревари, екипата на Шкендија соопшти дека ќе дозволи присуство…