Дома Трансфер зона Скаутите имаа што да видат – ѕвездата на Аталанта се сели во Челзи

Скаутите имаа што да видат – ѕвездата на Аталанта се сели во Челзи

Како што пренесуваат англиските медиуми скаутите на Челзи присуствувале на мечот Џенова – Аталанта, за на дело да ги видат квалитетите на десниот бек Андреа Конти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скаутите останаа импресионирани од 23-годишниот Италијанец кој го постигна водечкиот гол за својот тим во победата од 5:0.

Конте во младиот репрезентативец на Италија гледа идеално решение за десната страна, која оваа сезона ја покрива Виктор Мозес.

Конти оваа сезона игра феноменално во дресот на Аталанта, постигна 5 гола и 4 асистенции, и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Поради тоа Челзи ќе треба да се избори со силната конкуренција бидејќи за Конти интерес покажуваат уште Интер, Милан и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…