Во последно време се погласни се шпекулациите дека Рафаел Варан на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.
Шпанските медиуми пренесоа дека Французинот наводно донел конечна одлука и му соопштил на раководството дека сака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа денес пристигна демант директно од Реал Мадрид. Имено, генералниот директор Емилија Бутрагењо категорично демантираше дека Варан сака да си замине од „Сантиаго Бернабеу“.
„Тој е во клубот долго време, има дадено многу за овој дрес и ќе продолжи да го носи и во иднина. Ќе видиме што ќе се случи, но тој е играч на Реал Мадрид и сака да остане“, истакна Бутрагењо.
Juventus ❌
Man Utd ❌It seems Real Madrid are determined to hold on to Raphael Varane ?https://t.co/wRlCTRjNIx
— Goal News (@GoalNews) April 4, 2019
Варан има важечки договор со „кралевите“ до јуни 2022 година и во него откупна клаузула од вртоглави 500 милиони евра. Зинедин Зидан е категоричен во намерата да го задржи Варан, па клубот ќе направи се за да го убеди дефанзивецот да остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Најсилен интерес во моментов покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус, но „кралевите“ се спремни да му понудат нов, финансиски подобар договор.
Реал нема лесно да се откаже од Варан и им порачал на заинтересираните страни дека ќе треба да го срушат светскиот трансфер рекорд за да дојдат до потписот на Французинот.
Најскап дефанзивец во моментов е Ван Дајк за кого Ливерпул плати 85 милиони евра, а „кралевите“ за слободата на Варан ќе бараат најмалку 90 милиони евра.