Дефанзивецот на Јувентус Леонардо Бонучи одлучи да се огласи откако многумина го осудија поради изјавата која ја даде за својот соиграч Моис Кин.
Да потсетиме, Јувентус на гостувањето против Каљари славеше победа од 0:2 во рамките од Серија А, а домашните навивачи во овој натпревар на расна основа го навредуваа младиот Моис Кин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кин на навредите им одговори така што кога постигна гол ги рашири рацете и застана пред противничките навивачи.
Racist Italian football fans jeered Black Juventus player Moise Kean with “monkey chants” the whole game. Moise scored the winning goal & celebrated.
Teammate, Leonardo Bonucci, said fault was “50-50” because Moise celebrated.
WHAT?#CagliariJuventus
— Bishop Talbert Swan (@TalbertSwan) April 3, 2019
После натпреварот Бонучи ја изненади јавност со изјавата дека неговиот помлад соиграч сноси вина затоа што навивачите го навредувале и многумина го критикуваа поради таквата изјава.
„Имаше расистички навреди кон Кин, Матуиди исто така се налути поради тоа. Меѓутоа вината е 50:50. Погреши Моис, погрешија и навивачите. Тој треба головите да ги слави заедно со соиграчите. Треба да бидеме пример, треба да напредуваме зaедно за фудбалот да функционира во овие ситуации“, изјави Бонучи после натпреварот.
Бонучи вчера повторно се огласи и порача дека е погрешно сфатен.
„После 24 часа сакам да разјаснам што мислам. Вчера имав интервју после натпреварот и бев погрешно сфатен, веројатно затоа што се изразив на погрешен начин. Часови и години не се доволни за разговор на оваа тема. Цврсто ги осудувам сите видови на расизам и дискриминација. Злоупотребата не е прифатлива и ова не смее да биде погрешно сфатено“, порача Бонучи.