Судијата Виљанера даде знак дека може да започне натпреварот Атлетико Мадрид – Џирона, а на јужната трибина на стадионот Ванда Метрополитано беше видена чудна сцена.
Делот од трибината каде се сместени најверните навивачи на клубот беше празен. Своите места ги заземаа во 12. минута и на тој начин го изразија незадоволството од клубот и играчите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на играчите им замерија тоа што после поразот од Јувентус со 3:0 не дојдоа да ги поздрават. На клубот му замерија дека не ги брани интересите на своите навивачи.
Најверните навивачи на овој клуб воопшто не навиваа во првото полувреме, додека со стартот на вториот дел започнаа со нивните песни за поддршка на нивните миленици.
Инаку, Атлетико славеше со 2:0 и ја намали предноста на водечката Барселона на осум бодови.