Конор Мекгрегор минатата недела објави дека заминува во пензија и многумина веќе си го кажаа мислењето на оваа одлука на Ирецот.
Неговиот последен противник во октагон се огласи веднаш после објавувањето дека Конор оди во пензија и преку Твитер порача дека во „џунглата“ може да има само еден крал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во џунглата може да има само еден крал. Само еден“, порача Кабиб тогаш преку неговиот Твитер профил.
Сега Дагестанецот даде и своја изјава на оваа тема.
„Утре ќе каже дека се враќа и сите медиуми сите ќе пишуваат за тоа. Тоа е она што тој го сака. Не успеа да постигне договор со УФЦ и сега ќе игра на своја карта. Конор се однесува како љубоморна жена која цело време зборува дека заминува, но потоа се враќа“, изјави Нурмагомедов.
"Conor acts like a jealous wife, who says 'I will leave' all the time but then comes back": Khabib on Mcgregor's announced retirement@TheNotoriousMMA @TeamKhabib pic.twitter.com/1CXRtltzPT
— Denis Geyko (@DenisGeykoRT) April 2, 2019
Денес се појави и изјава од претседателот на УФЦ, Дан Вајт кој исто така не верува дека Конор го завршил своето во УФЦ.
„Не, тој всушност не е во пензија. Тука едноставно постојат некои работи кои Конор ги сака и мислам дека сака да се најде и да разговара лице во лице со мене. Ќе го одработиме тој разговор во идните недели и верувам дека ќе најдеме некое решение. Гледајте, се сомневам дека сме пружиле на друг борец респект, каков што му пруживме на него. Освен тоа заработи многу пари“, изјави Вајт.