Дома Трансфер зона Зидан има две опции како замена за Варан

Зидан има две опции како замена за Варан

Рафаел Варан планира да го напушти Реал Мадрид, а тоа сега му го соопштил и на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Варан е стандарден дефанзивец на Реал, еден од најдобрите во Европа, но наводно бара нови предизивици, а за него интерес покажува ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

На пазарот нема многу квалитетни стопери, а тие кои се квалитетни, нивната цена не е ни најмалку мала. Освен тоа, истите дефанзивци се поврзуваат со многу клубови.

Кулибали, стоперот на Наполи, веројатно е најбараниот. Него веќе некое време го следи Манчестер Јунајтед, но сега и во Мадрид покажуваат интерес.

Освен Кулибали, реална опција за Реал и претседателот Флорентино Перез е 24-годишниот Хименез од Атлетико Мадрид.

Според шпански АС, овие двајца ќе бидат главна мета на Реал доколку Варан дефинитивно заминува, а не е исклучено Реал да се одлучи и за некој трет, во зависност од тоа колку Наполи и Атлетико ќе бидат спремни да ги придадат своите играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алегри е новиот тренер на Наполи!

Наполи експресно најде замена за Антонио Конте! Новиот тренер на клубот од стадионот „Дије…