Дома Фудбал Англија Игуаин му откри на Сари зошто не му оди најдобро во Англија

Игуаин му откри на Сари зошто не му оди најдобро во Англија

Игуаин во јануари пристигна на Стемфорд Бриџ. Аргентинецот од Јуве замина на позајмица во Милан, а откако го одигра првиот дел од сезоната, одлучи да ги напушти Росонерите и да замине во Челси до крајот на сезоната.

Игуаин пристигна во клуб кој го води Маурисио Сари, со кој одлично соработуваше во сезоната 2015/16 во дресот на Наполи, каде постигна 36 погодоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина мислеа дека новата соработка помеѓу Сари и Игуаин може да донесе нешто слично, но засега не е така. Аргентинецот постигна само три погодоци во десет одиграни натпревари за Челси и тоа против Фулам и Хадерсфилд.

„Игуаин ми рече дека е многу тешко бидејќи играчите од одбраната играат многу цврсто и физички се многу силни.“ – изјави Сари за Скај Спорт.

„Судиите овде се многу поразлични отколку во Италија, па тоа за него е уште еден нов фудбал, посебно за напаѓачите и голманите, тоа е навистина многу различно.“

„Мислам дека му треба време, но ние немаме време. Потребен ни е во највисоко ниво во последните два месеци.“ – додаде Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…