Милан киксираше на два натпревари во низа и завидната позиција во борбата за Лигата на шампионите ја претвори во прилично ризична, но Џенаро Гатузо верува дека неговата екипа ќе се подигне веќе во утрешниот натпревар против Удинезе на „Сан Сиро“ (19:00).
„Росонерите“ се под голем притисок со оглед дека се петопласирани и Лацио има натпревар помалку со три бода помалку од Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во натпреварот (против Удинезе) влегуваме со два лоши резултати, но тимот се уште е жив и здрав. Свесни сме за потешкотиите со кои се соочивме, но овој тим е жив. Вистинскиот лек за се е победата. Исто така треба да се разбере криериумот на судење. На пример, Орсато многу ретко досудува прекршоци. Морате да знаете како да разговарате со судиите. Против Сампдорија имаше неколку сомнителни инциденти, но мораме да ги прифатиме. Не можеме да ги обвинуваме судиите. Сите весламе на ист брод и сакаме да имаме мирен сон. Нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампионите и сите се држиме заедно за таа цел да ја оствариме“, изјави Гатузо.
Директорот Леонардо му дал поддршка на темпераментниот статус со коментар дека во клубот никогаш не размислувале за смена на Гатузо.
„Веќе читав за мојот однос со Леонардо, но ние двајца веќе имавме разговор и знам како стојат работите“, заврши Гатузо.