Дома Фудбал Англија Португалското влијание во овој премиерлигаш е толку големо што ќе имаат „португалски“ дресови (ФОТО)

Португалското влијание во овој премиерлигаш е толку големо што ќе имаат „португалски“ дресови (ФОТО)

Aнглискиот премиерлигаш од наредната сезона ќе користи дресови многу слични на португалската репрезентација.

Португалскиот суперагент Жорге Мендеш во редовите на Вулверхемптон кој денес е стабилен англиски прволигаш доведе голем број португалски играчи и Вулвс често пати знаат да бидат наречени „Португалци“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мендеш стана советник на кинеските инвеститори кои го превземаа клубот, а тренер на клубот стана Нуно Еспирито Санто, поранешниот голман и прв клиент на Мендеш. Него Мендеш прво му среди работа во Валенсија, а потоа во Порто кој го отпиша после сезоната без трофеј.

Мендеш ја искористи својата мрежа во Португалија и доведе во Вулвс неколку Португалци: Хелдер Коста пристигна за 14.6 милиони евра после позајмицата од Бенфика, додека Родерик Миранда дојде од Рио Аве. Вулвс негираа дека Мендеш им ја води трансфер политиката, што е и забрането според правилата на ФА. Меѓутоа изјавата на претходникот на Нуно, Пол Ламберт јасно кажува кој глас се слуша.

„Мораме да добиваме мислења и совети од некој кој е пријател со сопствениците“, изјави Ламберт кога заминуваше, а јасно е дека тој „некој“ е Мендеш.

Колку португалското влијание во овој тим е големо најдобро сведочи податокот дека еден од дресовите на клубот во наредната сезона ќе биде во боите на Португалија.

„За да ги почастиме португалските играчи и навивачи од наредната сезона ќе имаме дрес во боите на португалското знаме. Дресот ќе биде достапен за купување од јуни“, соопштено е од Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез не може да се помири – подготви нов удар за „Златната топка“

Реал Мадрид и оваа година нема да биде дел од свеченоста на доделувањето на „Златната топк…