Дома Фудбал Англија Погба го откри клучот за успехот на Солскјер

Погба го откри клучот за успехот на Солскјер

Манчестер Јунајтед буквално доживеа „ренесанса“ во играта и резултатите откако на кормилото пристигна Оле Гунер Солскјер.

Од неговото доаѓање Манчестер Јунајтед започна да игра многу подобро и на 19 натпревари запиша 14 победи, два нерешени натпревари и три порази. Солскјер успеа да го елиминира и Пари Сен Жермен и со Јунајтед да обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сето тоа допринесе клубот да му понуди перманентен договор, па Солскјер потпиша тригодишна соработка со клубот од „Олд Трафорд“.

Првата ѕвезда во тимот, Пол Погба смета дека причина за добрите резултати е фактот што Солскјер им дал слобода и самодоверба на играчите.

„Резултатите се одлични. Имаме тренер кој не цени. Ни даде самодоверба, ни даде слобода да играме фудбал. Првиот ден кога дојде рече дека само треба да уживаме кога играме фудбал. Ако не уживаш немој ни да играш. Кога ќе престанеш да го сакаш тоа што го работиш, немој да го правиш тоа. Треба да уживаме заедно, да играме напаѓачки заедно. Резултатите ќе дојдат сами од себе“, изјави Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Во спортот како и во животот не постојат бајки

Манчестер Сити се наоѓа во една невидена и катастрофална серија од пет порази во исто толк…