Дагестанскиот борец во овие моменти одработува деветмесечна суспензија која ја доби поради направениот хаос после борбата против Конор, а Дајн Вајт веќе спремил датум за нова борба на Кабиб за одбрана на титула во лесна категорија.
Кабиб потврди дека ќе се бори во јуни на својата страница ВК. Тој објави пост во кој пишува „според Дајн Вајт следната борба на Кабиб ќе биде во септември“, стои во објавата на Твитер профил на ММА тимот на Дагестанец. Тоа е страница која секогаш прва има податоци за најновите случувања во боречкиот живот на Кабиб Нурмагомедов.
Khabib just confirmed my report about September fight on his Russian social media page called VK. He reposted a post saying "According to Dana White, Khabib's next fight will be in September" pic.twitter.com/mHa1J4Rpx7
— MMA TEAM DAGESTAN (@MMATeamDagestan) March 27, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе се врати во септември. Сега и така е суспендиран, а и не се бори во текот на Рамазан. Затоа ќе се бори во септември“, изјавил Вајт, а како датум се претпоставува дека ќе биде 7-ми септември.
Кој до тогаш ќе влезе во октагон? Тоа не е познато. Конор нема затоа што се пензионираше, така тука би можеле да бидат Макс Хоувеј и Дастин Пориер. Тие ќе се борат на УФЦ 236 за интерим титулата во лесна категорија, а за „спојување“ на титулата победникот од таа борба би требало да влезе во октагон со Нурмагомедов.
Но, тука е и Тони Фергусон кој во овој момент има проблеми во приватниот живот, но во октагон веќе 11 борби е без пораз. Исто така четири пати требаше да се бори со Кабиб (од 2015 до 2018), но борбата четири пати беше одложувана.