Дома Останати Кошарка НБА Словенците беа главни во НБА: Драгиќ го победи Дончиќ, а на крајот си ги разменија дресовите (ВИДЕО)

Словенците беа главни во НБА: Драгиќ го победи Дончиќ, а на крајот си ги разменија дресовите (ВИДЕО)

Изминатата вечер НБА лигата ја обележа, барем на овие простори натпреварот помеѓу Словенците Горан Драгиќ и Лука Дончиќ.

Овие двајца кои со Словенија го освоија Европското првенство се сретнаа меѓусебе во најсилната кошаркарска лига. На крајот победата ја однесоа и Драгиќ и Мајами со резултат 105:99.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ќе потсетиме на тоа Европско првенство, Словенија беше најмалата земја учесник, но и покрај тоа сензационално стигна до титулата.ж

Дончиќ имаше учинок од 19 поени, 8 скокови и 7 асистенции, додека Драгиќ на спротивната страна стигна до трипл-дабл со 23 поени, 12 скокови и 11 асистенци. На крајот од натпреварот Словенците се поздравија и си ги разменија дресовите.

Хјустон беше пресилен за Денвер и однесе победа од 112:85. Џејмс Харден овој натпревар го заврши со 38 поени на своето конто, а додаде уште по шест асистенции и скокови. Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 16 поени, шест асистенции и осум скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Орландо 115:98

Филаделфија – Бруклин 123:110

Мајами – Далас 105:99

Њујорк Никси – Торонто 92:117

Хјустон – Денвер 112:85

Милвоки – Лос Анџелес Клиперс 128:118

Њу Орлеанс – Сакраменто 121:118

Сан Антонио – Кливленд 116:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…