Тренерот на Рома, Клаудио Раниери има големи проблеми со составуање на екипата за натпреварот против Наполи.
Рома на „Олимпико“ во недела ќе го пречека второпласираниот тим во шампионатот во многу важниот натпревар, а многу е веројатно дека овој натпревар ќе го пропушти Един Џеко. Џеко во репрезентативните натпревари против Арменија и Грција играше со повреда. Обврските во националниот тим не сакаше да ги пропушти, но клупските, како што сега стојат работите, ќе мора.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Џеко не е единствениот кој би можел да го пропушти натпреварот против Наполи. Речиси сигурно дека во составот нема да биде ниту Стефан Ел Шарави и Алесандро Флоренци, па Раниери е принуден да направи одредени рокади во тимот. Меѓутоа, не е така се црно за овој искусен стратег. Од повреда се враќаат Александар Коларов и Ченгиз Андер и тие би требале да го започнат натпреварот од првата минута.