Дома Фудбал Лукаку беше јасен: Јас сум најдобриот напаѓач во историјата на Белгија

Лукаку беше јасен: Јас сум најдобриот напаѓач во историјата на Белгија

Ромелу Лукаку игра одлично по доаѓањето на Солскјер на клупата на Јунајтед, а во изјава за белгијските медиуми зборуваше за репрезентативните настапи.

Имено, овој напаѓач смета дека е најдобриот во историјата на Белгија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако има само 26 години, тој е најдобриот стрелец на Белгија со 45 постигнати погодоци во државниот дрес на 79 настапи.

„Луѓето некогаш ме прашуваат дали сум меѓу трите најдобри белгијски напаѓачи во историјата. Јас велам дека сум најдобриот во историјата и тоа со километри предност. Најдобар стрелец сум и тоа е тоа.“ – изјави Лукаку.

Неодамна Лукаку изјави дека е најбрз играч на Јунајтед, а тоа го покажува и статистиката во која се наведува дека ги имал двата најдобри спринта оваа сезона во својот тим.

Лукаку во Манчестер Јунајтед пристигна од Евертон во јули 2017. година. Оваа сезона во сите натпреварувања запиша 15 погодоци и 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…