Дома Топ вести Готово: Баерн го купи најдобриот играч од Бундес лигата!

Готово: Баерн го купи најдобриот играч од Бундес лигата!

Германските медиуми тврдат дека Баерн го комплетирал трансферот на еден од најдобрите играчи во Бундес лигата, Јулијан Брант од Баер Леверкузен.

Брант беше долго време на мета на Ливерпул, но Баерн продолжи со традицијала да ги купува најдобрите германски фудбалери и плати 30 милиони евра за ѕвездата да „фармацевтите“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Баварците претходно веќе ги договорија и трансферите на Себастијан Руди и Никлас Шуле од Хофенхајм и така ја „убија“ конкуренцијата во Германија, нешто што го прават години наназад.

Сепак, Баерн нема да застане на ова бидејќи сака едно големо засилување во средниот ред, а прва желба е Марко Верати.

Притоа, на краилните позиции сигурно ќе биде донесен уште еден фудбалер, а се споменуваат Хамес Родригез и Алексис Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…