Дома Фудбал Италија Легендата на Милан: Ниту Пакета е Кака, а ниту Пјонтек е Шевченко

Легендата на Милан: Ниту Пакета е Кака, а ниту Пјонтек е Шевченко

Поранешниот фудбалер на Милан, Руи Коста изјави дека споредбите на Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек со легендите на Милан, Рикардо Кака и Андреј Шевченко се претерани.

Португалецот најголем дел од својата кариера помина во екипите на Милан и Фиорентина, а со „росонерите“ освои титула шампион на Италија, Лига на шампион и италијански куп.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Коста во овој момент работи како спортски директор во Бенфика, а поранешниот португалски играч за врска признава дека се обидел да го доведе Пакета пред Бразилецот да потпише за Милан.

„Го следев Пакета во Бразил. Со оглед на работата која ја работам, добро го познавам. Има голем квалитет. Сакав да го доведам во Бенфика, но немав можност да го реализирам тој трансфер бидејќи беше прескап за нас. Има квалитет и годините се на негова страна, може да расте и да се развива иако италијанската лига е тешка“.

Кака беше број 10, но имаше и сила која ретко ја имаат „десетките“, таков играч можеби никогаш повторно нема да видиме. Беше посебен. Едноставно беше – Кака. Пакета е Пакета“, смета Коста.

Потоа тој доби прашање и за напаѓачот, Пјонтек.

„Го познавам помалку од Пакета, но не е потребно да се каже дека е голем напаѓач. Беше лесно да се каже дека доаѓањето за него во клуб како Милан може да биде комплицирано и дека ќе му треба некое време да се навикне на средината и новиот клуб“.

„Меѓутоа тоа тој веднаш започна да постигнува погодоци, погодува и во важни натпревари. Но, како и за Пакета и Кака. Тој не е Шева, ниту некој друг би можел да биде. Она што е важно за Милан е што погодува и носи победи“, заклучи легендарниот фудбалер на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …