Дома Фудбал Останато Трагедија во Бразил: Ја преживеа авионската несреќа на Чапекоенсе и почина играјќи фудбал

Трагедија во Бразил: Ја преживеа авионската несреќа на Чапекоенсе и почина играјќи фудбал

Во ноември 2016 година се случи голема трагедија кога авионот кој ја превезуваше екипата на Чапеконесе се сруши.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа беше несреќа во која животот го загубија 71 лице од 77 колку што беа во тој авион, вклучувајќи и 19 играчи на Чапекоенсе.

Новинарот Рафаел Хензел беше еден од преживеаните во тој авион, но за жал тој почина на 45 годишна возраст во Бразил од срцев удар додека играл фудбал.

Хензел е реномиран фудбалски новинар и коментатор кој беше еден од шестмината преживеани патници во трагедијата која во 2016 година го потресе светот и однесе 71 животи.

„Глобо Еспорте“ пренесе дека Хензел се срушил играјќи фудбал во градот Чапеко на југот на земјата, а докторите не успеале да го вратат во живот кога бил однесен во болница.

Хензел го посвети целиот свој живот на спортот кој го сакаше. Тој требало да го коментира натпреварот од бразилскиот куп помеѓу Чапекоенсе и Крикума, во знак на почит кон него и неговото дело сега овој натпревар е одложен.

Ќе потсетиме, во трагедијата во 2016 година Чапекоенсе патуваше на финалниот натпревар во Копа Судамерикана и требаше да игра против Атлетико Национал, авионот се сруши на патот кон Колумбија.

Навистина неверојатна животна приказна која по кој знае кој пат уште еднаш ни покажува колку животот може да биде чуден…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…