Ромелу Лукаку веќе одамна не е само „талентирано дете“, па денес 23-годишниот Белгиец израсна во расен голгетер и моментално е најдобар стрелец во Премиер лигата.
Неговиот Евертон тешко дека ќе се избори за излез во Европа оваа сезона, а Лукаку порача дека во таков случај сака да ја промени средината и да направи чекор напред во кариерата.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Како што пренесуваат шпанските медиуми двата најголеми клубови од Примера се силно заинтересирани за неговиот потпис и се спремни да му конкурираат на Челзи и Манчестер Јунајтед.
Неговата цена во моментов изнесува околу 70 милиони евра, па јасно дека Лукаку ќе биде еден од најскапите трансфери ова лето.