Шпанските медиуми пренесуваат дека Андер Ерера е пред трансфер во Пари Сен Жермен и дека веќе постигнал договор со францускиот гигант.
На Островот тврдат дека Ерера токму затоа ги одолговлекува преговорите за нов договор со Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодмна се пишуваше дека Ерера наскоро ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, но ситуацијата се променила кога агентот на Шпанецот добил повик од престолнината на Франција. Понудата на ПСЖ е подобра од она што му го нуди Манчестер Јунајтед на Ерера.
Наводно, станува збор за понуда од 180.000 евра неделно за договор на четири години, покрај тоа би имал вградени клазули во договорот за секој освен трофеј. Од друга страна понудата на Манчестер Јунајтед изнесувала 130.000 евра неделно за договор на три години.
ПСЖ во преодниот рок кој следи ќе стави акцент на следниот ред, па Ерера би бил одлично засилување посебно бидејќи би го добиле без обештетување.
Денешното издание на „АС“ тврди дека двете страни постигнале комплетен договор и наскоро се очекува официјализација на трансферот.
Diario AS: Manchester United midfielder Ander Herrera 'extremely close' to joining #PSG on a free transfer this summer #MUFC https://t.co/Tvc5qpPDbd pic.twitter.com/cfbpdzXlBN
— footballespana (@footballespana_) March 26, 2019