Дома Трансфер зона Пристигна како рекордно засилување, заминува како големо промашување

Пристигна како рекордно засилување, заминува како големо промашување

Минатото лето Атлетико Мадрид плати 72 милиони за за ѕвездата на Монако Тома Лемар, кој стана рекорден трансфер во историјата на „јорганџиите“.

Меѓутоа Французинот воопшто не ја оправда довербата во мадридскиот клуб и може да си замине после само една година, пренесува „Марка“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лемар беше купен по препорака на Гризман, кој ја одби понудата на Барселона и остана во Атлетико. Диего Симеоне пак веруваше дека 23-годишниот крилен играч ќе донесе нешто различно во играта на неговиот тим.

Светскиот шампион со Франција оваа сезона зеде учество во 36 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна само 2 гола и запиша 4 асистенции. Основниот проблем е што Лемар тешко се привикнува со дисциплината која на наметнува Симеоне.

Поради тоа шпанските медиуми пренесуваат дека „јорганџиите“ ќе го стават Лемар на трансфер листа, но јасно е дека нема ни приближно да ја вратат вложената сума за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…