Легендарниот шкотски фудбалер Гери Мекалистер синоќа бил нападнат на улиците на Лидс, по што завршил во болница.
Мекалистер најголемиот дел од кариерата ја помина во Лидс, а после тоа потпиша за Ливерпул, каде се задржа две сезони и одигра неколку одлични натпревари.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Поранешниот шкотски фудбалер синоќа заврши во болница откако непознато лице го нападнало на улиците во Лидс. Мекалистер чекал такси, а непознато машко лице му се доближил и почнал да го удира.
„Неверојатно е тоа што се случи. Само стоеше на улица и чекаше такси, а тој откако го позна почна да му дофрлува. Потоа му дојде од зад грб и почна да го удира. Мекалистер се бранеше, а напаѓачот побегна откако луѓето дојдоа да му помогнат на Гери.“ – рече еден од сведоците.
Мекалистер заврши во болница со сериозни повреди на главата. Полицијата трага по напаѓачот, но се уште не го пронашле.