Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ќе остане во клубот и во наредната сезона и веќе на челниците им го доставил списокот на потенцијални засилувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Примарна цел на Симеоне е да го задржи во тимот најдобриот играч и стрелец Антоан Гризман, кој неколку пати во изминатиот период истакна дека ќе остане во клубот, но се поставува прашањето дали Атлетико ќе успее да ги одбие понудите на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, кои според медиумските шпекулации биле подготвени да ја активираат откупната клаузула од 100 милиони евра.
Доколку Гризман замине, клубот со парите од неговиот трансфер ќе се обиде да ги донесе Единсон Кавани или Алексис Санчез. Исто така според шпанските медиуми завршена е работата за доаѓањето на Александар Лаказет од Лион.
Останатите играчи Симеоне нема намера да ги продава, а особено тоа важи за Белгиецот Јаник Караско, кој исто така е трасфер цел на неколку клубови.
Прв на листата на желби на Симеоне е Бразилецот Фабињо од Монако, кој подеднакво добро игра на десната бековска позиција и во дефанзивниот ред за врска.
Исто така на мета на „јорганџиите“ е Витоло од Севиља кој може да игра на неколку позиции во средниот ред и во него Симеоне гледа идеална замена за ветеранот Тијаго.
Исто така, Симеоне од позајмица ќе го врати братот на Лукас Хернандез, Тео, кој игра одлична сезона во Алавез.