Дома Трансфер зона ПСЖ и ги расипува плановите на Барселона!

ПСЖ и ги расипува плановите на Барселона!

Српскиот репрезентативец и член на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ ќе биде еден од најбараните фудбалери на пазарот следното лето.

Од поодамна Јовиќ се поврзува со Барселона, а како што пренесуваат француските медиуми за услугите на Србинот сега интерес покажал и Пари Сен Жермен, кој после неодамнешната елиминација од Лигата на шампионите сигурно ќе биде активен во летниот преоден рок.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не е познато колкава сума Франкфурт ќе бара за Јовиќ, но се споменува сума од 60 милиони евра.

Младиот напаѓач игра фантастично оваа сезона и на 24 настапи во Бундес лигата постигна 15 погодоци, а додаде и седум во Лигата на Европа каде што Франкфурт ќе игра четвртфинале.

Јовиќ во Франкфурт во овој момент настапува како позајмен фудбалер од Бенфика, но јасно е дека германскиот тим на крајот од сезоната ќе го откупи неговиот договор. Меѓутоа тоа не значи дека Јовиќ ќе го носи дресот на Франкфурт.

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона веќе подолго време ги следи настапите на Јовиќ и дека спремила понуда од 50 милиони евра за Јовиќ, но ПСЖ може да им ги расипе плановите на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…