Дома Македонски спорт Пандев доби честитка од Џенова: Ти си гордост на твојата Македонија!

Пандев доби честитка од Џенова: Ти си гордост на твојата Македонија!

Maкедонската фудбалска легенда вчера го одигра 100-тиот натпревар во репрезентативниот дрес.

Пандев одигра уште еден одличен натпревар во кој запиша асистенција при погодокот на Алиоски за водство од 1:0.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Посебна честитка за својот јубилеј Пандев доби и од клубот за кој настапува Џенова. Италијанскиот клуб преку социјалните мрежи му честита на Пандев за „стотката“.

„Честитки за Горан, тој е неверојатен човек и фудбалер. Знаеме дека си гордост на твојата Македонија. Заслужуваш аплауз од целиот меѓународен фудбал“, стои во пораката од Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…