Дома Фудбал Италија Интер го направи првиот потег и решен е да го продаде Икарди

Интер го направи првиот потег и решен е да го продаде Икарди

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди веројатно ќе ја напушти екипата на Интер во летниот преоден рок.

Одличниот 26-годишен напаѓач ја уништи репутацијата на клупски капитен, траката му беше одземена, а се поизвесно е дека ќе ја напушти Џузепе Меаца во текот на летото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер за услугите на овој фудбалер претходните месеци бараше 110 милиони евра, цената потоа спадна на 80 милиони, но веќе сега италијанските медиуми пишуваат дека тимот од Милано поставил нова цена.

Таа изнесува само 50 милиони евра. Тоа е доказ дека раководството на Нероаѕурите не сака повеќе да преговара за нов договор и спремни се да го продадам, па макар тоа да биде на нивна штета.

Икарди се поврзува со многубројни екипи. Наполи и Реал Мадрид веќе испратиле понуда и чекаат одговор.

Не се ова единствените два тима кои го посакуваат Аргентинецот. Јувентус исто така е спремен да го ангажира и нема да биде никакво изненадување доколку Икарди од летоска го облече дресот на Старата дама.

Аргентинскиот напаѓач пристигна во Интер од Сампдорија пред шест години. Се покажа како вистинско засилување и во 210 одиграни натпревари постигна 122 гола.

Оваа сезона на 28 одиграни натпревари постигна 15 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…