Дома Фудбал Чави: Меси е најдобриот и најголемиот фудбалер во историјата

Чави: Меси е најдобриот и најголемиот фудбалер во историјата

Легендарниот шпански фудбалер Чави Ернандез нема дилеми кога ќе му го поставите прашањето кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Во конкуренцијата најдобар фудбалер на сите времиња се споменуваат имиња како: Пеле, Диего Марадона, Меси, Роналдо…Меѓутоа ако го прашате Чави тој нема дилеми, за него најдобар е Меси.

Меси во изминатиот викенд запиша хет-трик во победата на Барселона против Бетис од 1:4. Оваа победа на Барселона имаше дополнително значење за Меси затоа што со истата го надмина Чави по бројот на победи за Барселона.

„Со секој ден станува се подобар и подобар играч. Навистина е неверојатен. За мене нема никакви дилеми, тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Кога тој е на теренот разликата лесно се забележува. Долго време игравме заедно и знам што се може да направи, но секогаш одново ме изненадува. Ќе повторам за мене тој е најголемиот и најдобриот во историјата на оваа игра“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватска загуби на „Вембли“, но Батурина ги доби своите битки

Мартин Батурина се издвои со 12 добиени дуели и шест успешни дриблинзи во поразот на Хрват…