Дома Фудбал Англија Челзи може да добие нов сопственик и тоа – најбогатиот Британец!

Челзи може да добие нов сопственик и тоа – најбогатиот Британец!

Долго време се шпекулира за продажба на Челзи, а сега се појави нова информација за потенцијалните купувачи.

Имено, Џим Ретклиф кој важи за набогат Британец сака да го купи лондонскиот клуб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ретклиф интерес за купување на Челзи покажуваше и минатата година кога понуди сума од 2.1 милијарда фунти, но сепак таа сума беше одбиена затоа што Абрамовиќ не сакаше да слушне за сума помала од три милијарди фунти.

Меѓутоа според информациите кои доаѓаат од Острвот работите сега можат да се променат и Абрамович би можел да постигне договор со Ретклиф. Освен тоа како дополнителен аргумент на оние кои сметаат дека Челзи би можел да заврши во рацете на Ретклиф е што Абрамович поголемиот дел од сезоната не беше присутен на „Стемфорд Бриџ“ поради проблемот да добие виза.

Вредноста на богатството на Ретклиф се проценува на 21 милијарда фунти. Неодамна тој го купи и велосипедскиот тим Скај кој на крајот на ова година своето име ќе го промени во Инеос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Башкими бил оштетен во дуелот со Брера: Судијата доби негативна оценка!

Фудбалската федерација на Македонија излезе со став во врска со контроверзниот момент на д…