Дома Фудбал Сериозни обвинувања од Ајакс: Јувентус беше допингуван!

Сериозни обвинувања од Ајакс: Јувентус беше допингуван!

Јувентус и Ајакс ќе ги одмерат силите во четвртфиналето од Лигата на шампиони, а клубот од Амстердам ќе има поголем мотив за победа, бидејќи беа елиминирани токму од италијанскиот клуб во ова натпреварување во 1996 година.

Според зборовите на поранешниот тренер Давид Ендт, фудбалерите на Јувентус најверојатно биле допингувани, поради што имаат уште поголема желба да ги елиминираат.

„Јувентус е голем фаворит и во тоа нема никаков сомнеж. Но, ние може да ги изненадиме. Јуве во Рим во 1996 година играше со тим, за кој на крајот се шпекулираше дека се допингувани. Никој не ја знае вистината. Тоа е уште една причина зошто треба да ги исфрлиме“, вели поранешниот тренер на Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…