Дома Фудбал Италија Голеада во Серија А: Сампдорија победи во натпревар со осум гола! (ВИДЕО)

Голеада во Серија А: Сампдорија победи во натпревар со осум гола! (ВИДЕО)

Денес во Серија А беше одигран еден од најефикасните натпревари во сезоната.

На средбата помеѓу Сасуоло и Сампдорија денес беа видени дури осум погодоци, а победата ја однесоа гостите со резултат 3:5.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голеадата ја отвори Дефрел после асистенцијата од фантастичниот оваа сезона Фабио Кваљарела во 15-тата минута од натпреварот. За нов гол се чекаше до 36-тата минута. Сега самиот Кваљарела се запиша во листата на стрелци и го постигна својот 21-ви гол оваа сезона и сега има два повеќе од Пјонтек и Роналдо.

Само две минути подоцна Бога намалува на 1:2, а веќе во 39-тата беше еден 1:3 погоди Линети.

На стартот од вториот дел во 46-тата минута Прает зголеми на 1:4, дваесетина минути подоцна Данкан стрела за 2:4. Петтиот гол беше дело на Маноло Гамбјадини во 72-та минута.

Конечните 3:5 ги постави Бабакар во судиското продолжение од натпреварот.

Како што кажавме ова е еден од најефикасните натпревари во сезоната. Сампдорија сега се наоѓа на деветтата позиција со 42 освоени бодови, додека Сасуоло три места подоле односно на 12-тата.

Во следното коло Сампдорија ќе игра на домашен терен против Милан кој е во одлична форма, додека Сасуоло на свој терен ќе ја пречка Болоња која се наоѓа во опасната зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…