Денес беа извлечени четвртфиналните парови и беше направен целиот „костур“ до финалето од Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед ќе излезе на мегдан со Барселона, Манчестер Сити во англиското дерби ќе се соочи со Тотенхем, додека пак Ливерпул и Јувентус ќе имаат фаворитска улога против Порто и Ајакс.
Јувентус – Ајакс
– Кога е во прашање овој дуел има еден исклучително инетерсен факт. Ајакс никогаш не успеал да го победи Јувентус во Лигата на шампиони – имаат четири порази и едно реми.
– Ова ќе биде прв меч за овие две екипи во елиминациската фаза уште од полуфиналето кое го играа во 1996 година, кога Јувентус победи со вкупни 6:2.
– Роналдо во Лигата на шампиони има постигнато седум гола против Ајакс, а повеќе постигнал единствено против Баерн (девет) и против својот секашен клуб Јувентус (десет).
– Масимилиано Алегри никогаш во кариерата не го победил Ајакс, против холандскиот гигант има три ремија и еден пораз.
Ливерпул – Порто
– Ливерпул никогаш не загубил од Порто, имаат три победи и три ремија.
– Ливерпул секогаш одел во следната фаза кога за противник имал клуб од Португалија.
– Садио Мане својот единствен хет-трик за Ливерпул го постигна токму против Порто во Лигата на шампиони.
– Порто мината сезона беше елиминиран токму од Ливерпул со вкупен резултат 5:0.
Тотенхем – Манчестер Сити
– Ова е прв меѓусебен дул во Европа помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити.
– Манчестер Сити минатата сезона од Лигата на шампиони беше елиминиран токму од англиски тим – Ливерпул.
– Последните три натпревари помеѓу овие два тима завршија со победа на Манчестер Сити.
Манчестер Јунајтед – Барселона
– Ова ќе биде прв дуел на овие два тима уште од финалето кое го играа во 2011 година кога Барселона победи со 3:1.
– Манчестер Јунајтед никогаш не победил на „Камп Ноу“ против Барселона. Имаат два порази и две ремија.
– Барселона има загубено само две од 41 домашни натпревари против англиски клубови. Имаат дури 27 победи, 12 ремија и 2 порази, а и двата се од Ливерпул.
– Лео Меси има постигнато 22 гола во ЛШ против англиски клубови. Тоа е повеќе од било кој друг фудбалер во ова натпреварување.
– Ова ќе биде прв пат Солскјер да доаѓа на „Камп Ноу“ како играч или тренер уште од 1999 година кога играше финале во ЛШ.