Дома Трансфер зона ПСЖ му нуди интересна трампа на Челзи!

ПСЖ му нуди интересна трампа на Челзи!

Француските медиуми пренесуваат дека раководството на Пари Сент Жермен е заинтересирано за услугите на Диего Коста и сака да му понуди на Чезли интересна трампа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „светците“ се спремни во спротивен правец да го испратат Хавиер Пасторе, плус одредена сума на пари за да дојдат до потписот на Диего Коста.

Аргентинскиот плејмејкер не е во прв план кај Унаи Емери и оваа сезона одигра само 15 натпревари во сите натпреварувања.

Поради тоа ПСЖ се обидува да го искористи за купување на Диего Коста, кој пред неколку дена и самиот најави дека е можно на крајот на сезоната да ја промени средината.

Конте е симпатизер на играта на Пасторе, па можно е да ја прифати трампата, а како замена за Диего Коста сака да го донесе Алексис Санчез од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…