Дома Фудбал Лига на шампиони Капитенот на Лион: Најдобриот играч во историјата го направи нашиот успех невозможен

Капитенот на Лион: Најдобриот играч во историјата го направи нашиот успех невозможен

Лион против Барселона имаше на што да се надева откако на првиот натпревар на свој терен одиграа 0:0, меѓутоа Барселона во реваншот на „Ноу Камп“ Каталонците победија со 5:1 и така се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Имаше надеж за Лион откако Тусарт во 58-та минута ја намали предноста на Барселона на 2:1, но 20 минути подоцна Лионел Меси со одличен гол за 3:1 ги откажа Французите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа беше вториот гол на Меси на натпреварот, а до крајот чудесниот Аргентинец запиша и две асистенции.

Така Меси ја предводеше Барселона со уште еден одличен настап, а како е да се игра против Меси најдобро можеби опиша капитенот на Лион одличниот Набил Фекир.

Фекир порача дека неговата екипа не играла лошо, но дека едноставно против гениј каков што е Меси било невмозможно да се направи нешто повеќе.

„Одигравме навистина добар натпревар, но најдобриот играч во историјата направи нашиот успех да биде невозможен. Кога не постигнува голови тој асистира. Кога не асистира, разигруваа…Тој е неверојатен“, изјави Фекир за медиумите после натпреварот на „Ноу Камп“.

Инаку денес од 12:00 часот на ждрепката во Нион ќе бидат извлечени паровите за четвртфиналето и за прв пат на една ждрепка во ова натпреварување ќе бидат одлучени и потенцицијалните противници за полуфиналето, досега за секоја фаза имаше посебна жрепка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…