Дома Фудбал Германија Вчера ги елиминира, денес го сакаат на кормилото: Баерн тргнува по Клоп

Вчера ги елиминира, денес го сакаат на кормилото: Баерн тргнува по Клоп

Баерн Минхен синоќа беше елиминиран од Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони, а како главен виновник за поразот медиумите го посочија тренерот Нико Ковач.

После мечот првата ѕвезда Роберт Левандовски јавно ја критикуваше тактиката на хрватскиот стратег, а денес германските медиуми пренесуваат дека неговата позиција во клубот е разнишана.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ковач го „преживеа“ слабиот старт на сезоната, но веројатно Баварците нема да му ја простат раната елиминација во Лигата на шампиони, па на лето ќе му врачат отказ.

Медиумите тврдат дека челниците на Баерн веќе ја започнале потрагата по нов тренер, а легендарниот Франц Бекенбауер испрати јасна порака до раководството и смета дека идеален кормилар би бил Јирген Клоп.

„Клоп во Баерн би било навистина фантастично решение, зашто тој е човекот кој ги научи Германците на брз фудбал“, изјави легендарниот Бекенбауер.

Ова не е прв пат Баварците да се поврзуваат со ангажман на Јирген Клоп, но сега тоа веријатно ќе биде тешка мисија, бидејќи Германецот има долгорочен договор со Ливерпул и во неколку наврати истакна дека е среќен во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …