Јувентус вчера во одличен натпревар во осминафиналето од Лигата на шампионите го победи Атлетико Мадрид со 3:0 и со вкупни 3:2 се пласираше во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување.
Сите три погодоци за Јувентус ги постигна Кристиано Роналдо со што стигна до бројката од 125 погодоци во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо секако беше задоволен од триумфот и неговиот одличен настап.
„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. „Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, изјави Роналдо после натпреварот.
При прославата на еден од погодоците Роналдо испрати провокација до Диего Симеоне со копирањето на неговата прослава од првиот натпревар.
Ronaldo Celebration ??#ForzaJuve pic.twitter.com/R2hOtVKs3z
— الحلوانّي (@IslamHMuhamed) March 13, 2019
Меѓутоа она што не го забележаа камерите на натпреварот, а денес се појави на социјалните мрежи е таквата провокација и од играчот за врска Миралем Пјаниќ.
Босанскиот играч за врска тоа го направи после третиот погодок на Роналдо во финишот од натпреварот со удар од белата точка.