Тешкиот период за голманот Лорис Кариус како да нема крај…
Се беше одлично за Кариус до финалето од Лигата на шампионите и натпреварот против Реал Мадрид, а од тогаш овој голман буквално не може глава да крене.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот направи две катастрофални грешки и му овозможи на Реал Мадрид да стигне до шампионската титула. После тој натпревар Кариус во летниот преоден рок беше испратен на позајмица во Бешикташ и никој не очекува дека некогаш повторно ќе добие шанса на „Енфилд“.
На Кариус не му оди баш најдобро и во Бешикташ и веќе бевме сведоци на неколку негови грешки. Сега како „шлаг на тортата“ доаѓа изјавата на тренерот на Бешикташ.
Стратегот на турскиот клуб, Сенул Гунеш смета дека Кариус е изгубен на теренот и директно го обвини.
„Тој е виновен за голот кој го прими. Кариус како да стагнира, нешто не е во ред со него. Кај него воопшто не гледам струја, мотивација и ентузијазам во играта“, гласеше коментарот на Гунеш за натпреварот, па продолжи да го критикува, но превзеде и дел од вината на себе.
Karius still got it pic.twitter.com/WdBCNt4JpP
— GranKpitan (@grankpitan) March 10, 2019
„Таков е од кога дојде. Се чуствува како да не е член на тимот. Не успеавме тој проблем заедно да го решиме, а секако дека и ја сум еден од виновниците за тоа“, изјави Гунеш.