Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид нема да жали пари за да го донесе Нејмар на „Сантиаго Бернабеу“ ова лето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред мадридскиот клуб се големи промени. Година без трофеј сосема сигурно ќе значи голем влог наредното лето, а Нејмар е примарна желба на претседателот Флорентино Перез.
„Марка“ ексклузивно пренесува дека „кралевите“ спремиле 350 милиони евра за потписот на Бразилецот. Нејмар и моментално е најскапиот фудбалер на светот, но со неговиот трансфер во Реал актуелниот рекорд ќе биде „дебело“ надминат.
Реал Мадрид веќе стапил во контакт со неговите агенти и е спремен да му понуди неверојатна плата од 45 милиони евра по сезона до 2024 година. Бразилецот моментално во Париз заработува 36 милиони, а во Мадрид до истекување на договорот ќе може да заработи вкупно 225 милиони евра, плус удел од маркетиншки права и бонуси.
Тоа значи дека трансферот на Нејмар ќе го чини Реал Мадрид точно 800 милиони евра со вклучените данови кои „кралевите“ ќе треба да ги платат.
Француските медиуми тврдат дека ПСЖ е спремен да го пушти Бразилецот за оваа сума, бидејќи не е задоволен од неговиот придонес во овие две сезони. „Светците“ повторно доживеаа рана елиминација во Лигата на шампиони е спремни да прават реконструкција на тимот.
Сепак, пред се Реал мора да го реши прашањето со новиот тренер. Она што е сигурно е дека Солари нема да остане на клупата, а се споменува и заминување на неколку фудбалери.
#RealMadrid shock: Florentino ha pronti 350 milioni per rapire #Neymar https://t.co/DDrV1otBXm
— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) March 8, 2019