Дома Топ вести Јунајтед спреми 170 милиони за трансфер кој ке придизвика „земјотрес“ на Островот

Јунајтед спреми 170 милиони за трансфер кој ке придизвика „земјотрес“ на Островот

Ова сигурно би бил еден од најголемите трансфери во светот на фудбалот.

„Дон Балон“ пишува – Хари Кејн е главната цел на „Црвените ѓаволи“ за следното лето. Гол машината од Англија би можела да го напушти Тотенхем во случај уште една сезона да остане без трофеј.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Јунајтед сака да се ослободи од Лукаку, кој го загуби местото во првиот тим, па и самиот не е задоволен од својот статус.

Доаѓањето на Хари Кејн секако би ја испразнило касата, се зборува дека Даниел Леви не сака да го пушти својот главен играч за сума помала од 200 милиони фунти, но сепак во голема мера пресудна ќе биде и желбата на играчот да се бори за трофеи.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ веќе спремиле понуда од 170 милиони фунти и се надеваат дека тоа ќе биде доволно за да го убедат Тотенхем да го пушти напаѓачот. Наводно клубот од „Олд Трафорд“ веќе стапил во контакт со менаџерите на напаѓачот и му понудил одлични финансиски услови.

Сепак, Манчестер Јунајтед ќе треба да се избори и со конкуренцијата, бидејќи силен интерес за Кејн покажува и Реал Мадрид, а Тотенхем преферира да го продаде надвор од Премиер лигата.

Доколку овој трансфер се реализира тој ќе биде најскапиот во историјата на англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…