Дома Фудбал ФИФА ја одби жалбата на Челзи – трансферното ембарго продолжува!

ФИФА ја одби жалбата на Челзи – трансферното ембарго продолжува!

ФИФА денес ја отфрли молбата на Челзи за „замрзнување“ на трансферното ембарго додека се разгледува нивната жалба.

На 22-ри февруари Светската куќа на фудбалот го санкционира клубот од „Стенфорд Бриџ“ со забрана за купување на нови фудбалери во следните два трансфер периоди.

Причина за трансферното „ембарго“ е поради фактот што Челзи ја нарушил процедурата и ги прекршил правилата при трансферите на 29 фудбалери под 18 години.

Од Челзи веднаш информираа дека ќе достават жалба на таквата одлука, а надежта на „сините“ беше дека казната ќе биде „замрзната“ додека трае процедурата, како што беше со случаите на Барселона и Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, ФИФА денес категорично ја отфрли таквата можност.

Сега единствена шанса на Челзи е да испрати молба до Спортскиот арбитражен суд, кој ќе издаде привремено решение, така што ќе им дозволи на „сините“ да можат да купуваат нови играчи ова лето.

Жалбата на Челзи ќе се реазгледува дури во септември, па доколку биде потврдена казната, „сините“ нема да можат да купуваат играчи следниот јануари и летото 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…