Одличниот напаѓач на Реал Мадрид, Алваро Мората веќе подолго време е на мета на голем број европски гиганти, особено на премиерлигашите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањето на најеминентните шпански медиуми напаѓачот веќе донел конечна одлука да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, а наводно е позната и неговата наредна дестинација – Челзи.
Имено, како што пренесува „АС“ клубот од Лондон за неговите услуги ќе плати 65 милиони евра, а на „Стенфорд Бриџ“ ќе пристигне по желба на Антонио Конте.
Италијанецот сака во своите редови да има двајца врвни напаѓачи, па неговата најголема желба беше токму Шпанецот.
Неодамна и англиските медиуми го потврдија трансферот и тврдеа дека Мората веќе бил во Лондон да бара куќа во која ќе живее од следната сезона.