Реал Мадрид проживеа катастрфална седмица во која беше елиминиран од сите важни натпреварувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После елиминацјата од Купот на кралот, за Реал Мадрид следуваше шокантен пораз од Ајакс и елиминација во осминафиналето од Лигата на шампиони, иако во првиот меч победи во Амстердам со 2:0.
Во последните седум дена „кралевите“ доживеаа три тешки порази на „Сантијаго Бернабеу“. Најпрво Барселона ги елиминира од Купот со победа од 3:0, а потоа Каталонците ги отпишаа „кралевите“ од битката за титулата во Примера со победа од 1:0.
Елиминацијата од Ајакс во осмина-финалето од фудбалската Лига на шампионите беше врвот на неуспесите на момците на Солари, па Лука Модриќ со право истакна дека ова била најтешката недела во неговата кариера.
„Ова е најтешка недела во мојот фудбалски живот. Но, успехот не е во тоа никогаш да не паднеш, туку да станеш секогаш кога тоа ќе се случи“, порача хрватскиот капитен на Инстаграм.