Европската куќа на фудбалот, УЕФА денес и официјано покрена истага против Манчестер Сити поради нарушување на Финансискиот фер-плеј.
Германскиот весник, еден од главните кои извадија документи од платформата Football Leaks, неодамна ги откри проблемите со финансирањето на „граѓаните“. Клубот е финансиран преку поврзани компании на Кајманските Острови и отворено ги прикрива прекршувањата на финансискиот фер-плеј, откриваат документите објавени во ноември минатата година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од седиштето на УЕФА во Нион денес потврдија дека е покрената истрага против Манчестер Сити поради наводите на весникот „Шпигел“.
„Истражната комисија на независното Финансиско контролно тело на УЕФА отвори истрага за Манчестер Сити поради потенцијално кршење на правилата на Финансиски фер-плеј. Ќе се базираме на неколку прекршени правила кои неодамна беа објавени во медиумите. УЕФА понатаму нема да го коментира овој случај се додека не се заврши истрагата“, соопштија од Европската фудбалска централа.
Истрагата против Манчестер Сити тече од минатата година, но за сериозноста на ситуацијата говори и изјавата на шефот на истражниот орган во УЕФА, Ив Летерм, кој рече на база на откритијата на „Шпигел“ дека „ова може да доведе до најтешката казна, имено исфрлање од турнирите на УЕФА“.
Во меѓувреме УЕФА го истражува Сити и под обвинение за незаконско привлекување на фудбалери под 18-годишна возраст, што пак може да доведе до забрана за трансфери за наредните два трансфер прозорци.