Сантијаго Солари скоро сигурно нема да го води Реал Мадрид наредната сезона.
Аргентинскиот стратег бележи катастрофални резултати со тимот на „кралевите“. Екипата е во една од најголемата криза во последните години. Неверојатно звучи податокот дека Реал Мадрид на последните четири домашни натпревари има исто толку порази (Џирона, Барселона два пати и Ајакс).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа веќе на големо се шпекулира за тоа кој би можел да седне на клупата на Реал наредната сезона. Се споменуваат неколку имиња, а поранешниот претседател на овој клуб, Рамон Калдерон тврди дека знае кој ќе биде тоа.
Калдерон и неодамна тврдеше дека актуелниот претедател ќе го ангажира Жозе Мурињо, сега повторно зборуваше на оваа тема. Поранешниот прв човек на Реал понуди кратко објаснување кое изгледа логично.
„Немам дилеми дека Мурињо е прва опција за Флорентино Перез. Го повикуваше често во изминатите неколку месеци. Прво го побара кога Зидан замина. Мурињо тогаш беше во Манчестер Јунајте и му одговори дека не е вистинско време за враќање. Сега е слободен. Сметам дека шансите тој да биде новиот тренер на Реал Мадрид се големи“, изјави Калдерон.
Потоа прокоментира и уште едно име кое се поврзува со клупата на „кралевите“.
„Се зборува и за Маурисио Покетино. Тој е потенцијален кандидат, но такви ќе ги има многу во наредните денови бидејќи навивачите не можат да го прифатат ова што се случува. Сега ќе следуваат три или четири месеци кукање, жалење и прашања што планиравме со ваков тим“, додаде Калдерон.
Мурињо го предводеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, а на „Бернабеу“ освои три трофеи – Ла Лига, Копа Дел Реј и Суперкуп на Шпанија.