Дома Фудбал Лига на шампиони Тадиќ после магичната вечер: Можеби сум гледал премногу клипови од Зидан

Тадиќ после магичната вечер: Можеби сум гледал премногу клипови од Зидан

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ изминатата вечер го одигра натпреварот на кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој 30 годишен напаѓач го разби актуелниот шампион на Европа, големиот Реал Мадрид и со своите потези на теренот ја воодушеви фудбалската јавност.

Тадиќ на крајот успеа да запише две асистенции и да постигне гол во победата од 1:4 (тука), а после чудесниот натпревар српскиот фудбалер даде свој коментар за натпреварот.

„Ова веројатно е најдобриот натпревар кој сум го одиграл во мојата кариера“, започна Тадиќ и продолжи:

„Го победивме најдобриот клуб во светот. Горд сум и сигурен сум дека направивме среќни многу луѓе“.

Посебно Тадиќ воодушеви со фантастичниот дриблинг кога му асистираше на Нереш за 0:2. Секако, беше пресреќен што сите зборуваат за неговите потези.

„Во фудбалот најважно е да се опуштите и да уживате. Кога во прашање се потезите, Зинедин Зидан секогаш бил мојот омилен фудбалер. Можеби сум гледал премногу негови клипови“, додаде Тадиќ.

Aјакс сега го чека противникот во четвртфиналето, а после разбивањето на Реал Мадрид сосема сигурно дека тимот доби на самодоверба.

Ќе потсетиме вечерва се играат два нови четвртфинални натпревари. Порто ја пречекува Рома (1:2) на свој терен во Португалија, додека дербито се игра во Париз каде гостува Манчестер Јунајтед откако во првиот натпревар „црвените ѓаволи“ изгубија со 0:2 на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челси има интерес за Флоријан Вирц

Чаби Алонсо е „огромен“ фан на играчот од средината на Ливерпул, Флоријан Вирц, и сака Чел…