Дома Фудбал Лига на шампиони Maкедонец ќе одлучува дали ВАР погреши во дебаклот на Реал Мадрид

Maкедонец ќе одлучува дали ВАР погреши во дебаклот на Реал Мадрид

Вчера Ајакс приреди изненадување и со 1:4 на гостински терен го победи Реал Мадрид со што го елиминираше од Лигата на шампионите уште во осминафиналето.

Холанѓаните започнаа фуриозно и уште од 18-тата минута стигнаа до водство од 0:2, двоен асистен беше Душан Тадиќ, посебно треба да се истакне втората асистенција кога после еден дриблинг како на мал фудбал го проигра Нереш.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во второто полувреме Тадиќ со еден супер гол успеа и самиот да се запише во листата стрелци и донесе голема предност на Ајакс од 0:3. Тука имаше и една спорна ситуација, а судијата Феликс Брих дури три минути се консултираше со луѓето во ВАР собата за тоа дали топката излегла во аут. На крајот пресудија дека нема аут и голот на Тадиќ беше потврден.

Сега тој момент како и целокупната арбитража на Брих и неговите помошници ќе биде под лупа на поранешниот македонски судија Емил Божиновски. Божиновски е претседател на судиската комисија на ФФМ, а на „Бернабеу“ беше во својство на контролор на УЕФА делегиран за овој натпреварот од централата во Нион.

Божиновски сега ќе има заача да одлучи дали Феликс Брих постапил правилно при консултацијата со ВАР и потврдувањето на голот на Тадиќ.

Во ВАР собата на оваа средба седеше сонародникот на Брих, Марко Фриц.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…