Дома Трансфер зона Барса сака да го врати Алкантара, Баерн побара вртоглава сума!

Барса сака да го врати Алкантара, Баерн побара вртоглава сума!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона сака да го врати својот некогашен играч Тиаго Алкантара, но Баерн поставил „невозможни“ услови.

Имено, Барса веќе остварила контакт со Баерн Минхен, но лидерите на германскиот шампион им соопштиле дека Тиаго Алкантара може да замине само за 90 милиони евра, свесни дека оваа сума Барса никогаш нема да ја плати за играч кој потекнува од нивната младинска школа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Алкантара во 2013 година си замина од Барселона во потрага по поголема минутажа и тоа „само“ за 25 милиони евра. Гвардиола тогаш ја искористи откупната клаузула во неговиот договор и во Минхен донесе одличен фудбалер за мала сума.

Каталонците одамна сфатија колкава грешка направија и сега го сакаат назад, но се чини дека до такво нешто нема да дојде, особено поради фактот што Баварците во Алкантара гледаат играч околу кого ќе го градат тимот во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…