Дома Фудбал Нов важен потпис во Баерн Минхен

Нов важен потпис во Баерн Минхен

Офанзивниот фудбалер на Баерн Минхен, Серж Гнабри денес стави потпис на нов договор со баварскиот гигант.

23-годишниот германски репрезентативец се обврза на верност со Баерн Минхен до 2023 година, потврди денес клубот од „Алијанц Арена“.

„Се чувствувам многу добро тука и многу сум среќен во овој клуб. Се надевам дека во иднина ќе се радувам на многу трофеи и ќе поминам убави моменти во Баерн“, изјави Гнабри.

„Многу сме среќни што Гнабри ќе остане со нас уште долги години. Тој е еден од најдобрите млади играчи и е многу важен за иднината на нашиот клуб“, истакнаа од Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас тоне на дното: Томас Франк прв избор за спас на сезоната

По седум порази во десет кола, Пјер Саж е пред отказ во Кристал Палас. Според „Скај спортс…